“Можности за млади” има за цел да обезбеди брзо и погодно пребарување на можности за сите корисници на платформата, дозволувајќи им да ги пронајдат посакуваните можности. Сите регистрирани корисници на платформата се согласуваат со правилата и условите на “Можности за млади”.

Дефиниции:

Систем – платформата “Можности за млади” ги содржи и сите свои главни и споредни делови.

Регистриран корисник – се однесува на секое правно лице претставувано од физичко лице или пак физичко лице коешто се регистрирало во системот.

Складирање на податоци наплатформата “Можности за млади”.

Ние се грижиме за сигурноста на податоците и приватноста, па затоа ги собираме, складираме, обработуваме, префрламе и користиме вашите лични податоци само на начин посочен во ова поглавје.

Откако системот ќе добие дозвола преку Facebook, платформата “Можности за млади” ги складира следниве лични податоци:

• Име

• Презиме

• Електронска пошта

• Профилна слика

• Допаѓања на можности

• Претплати на ознаки

Складирањето на податоци се врши со цел да се подобри искуството на регистрираниот корисник со тоа што ќе му биде дозволено да ги разгледува допаднатите можности во делот на профилот наречен “Моите меморирани можности”. За персонализирано искуство на регистриран корисник, профилниот дел го прикажува неговото/нејзиното име, презиме и профилна слика. Податоците се складираат само во нашата база на податоци, не се префрлаат на трети лица ниту пак на организации.

Ние ги складираме податоците онолку долго колку што е дозволено во Законот за човекови права и заштита на податоци или се’ додека се ажурирани за потребите од нивно зачувување.

Ако внесете лични податоци за некое трето лице, претпоставуваме дека имате добиено потребна согласност од лицето чиишто податоци се споделуваат и префрлаат.

Ние собираме анонимни збирни податоци за да ја подобриме функционалноста на страната, како на пример бројот на разгледувачи на можности. Ги споделуваме тие податоци со организации за да им дозволиме да го подобрат квалитетот на можностите што ги нудат.

За дополнителни прашања, ве молиме контактирајте не преку нашата електронска адреса info@mladiinfo.eu.

Права на регистрираните корисници

• Можете да го смените, отповикате или ограничите користењето на складираните кориснички податоци во секое време со тоа што ќе не контактирате преку испраќање на електронска пошта;

• Можете да си ги побарате личните податоци коишто ви ги чуваме;

• Можете да побарате целосно бришење на корисничките податоци од системот и базата на податоци на info@mladiinfo.eu.

Услови за метаподатоци

“Можности за млади” има право да собира податоци за корисниците на вебстраната преку користење на колачиња (“cookies”) за да ги подобри услугите што им ги нуди на корисниците.

Ако имате други прашања или нејаснотии, контактирајте не' на info@mladiinfo.eu.

Контактирај нѐ

Добивајте вести по е-пошта

Сакаш да добиваш информации за најновите настани? Пријави се тука!