За платформата Можности за млади

Сите едукативни и професионални можности за младите на едно место!

Можности за млади е онлајн платформа креирана во рамки на проектот All Opportunities, предводен од Латвија, Visa Iespejas во партнерство со Младиинфо Интернационал од Северна Македонија и Велика Британија, World Merit.

Главната цел на проектот е да создаде интерактивни дигитални платформи со младински можности на кои што ќе има локализирана содржина за секоја од земјите учеснички во проектот. Платформата им дава можност на младинските организации, компаниите и институциите да ги објавуваат своите настани и повици, обезбедувајќи лесен и едноставен пристап на младите до можности за професионален и личен развој. Преку оваа платфрома, младите ќе може да внесуваат свои интереси и да ги филтираат можностите за кои се потенцијално заинтересирани, а истовремено, сите организации, компании и институции имаат шанса да ги објавуваат своите програми и можности преку едноставно креирање на профил на организацијата.

Партнерскиот конзорциум го задржува правото да ги прегледува, евалуира и одобрува информациите кои ќе се појавуваат на платформата, со цел младите да добиваат релеватни, точни и проверени информации.

Прокетот All Opportunities е поддржан од Еразмус + програмата, администриран во Латвија од страна на Агенцијата за интернационални програми за млади.

Контактирај нѐ

Добивајте вести по е-пошта

Сакаш да добиваш информации за најновите настани? Пријави се тука!