Младите можат е здружение на граѓани формирано од млади за млади на 28 мај, 2009 година. Постоиме веќе 12 години и имаме повеќе од 10 000 млади вклучени директно во проекти, програми, настани и активности и повеќе од 100 активни членови кои секојдневно придонесуваат во растењето и успехот на организацијата, а со тоа и во правење на позитивни промени за нашата младина и нашата заедница.
Постоиме за да им овозможиме на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои веруваат дека МОЖАТ самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните промени и развојот во општеството.
Веруваме дека младите луѓе можат да земат активно учество во развојот на своите заедници и преку младински и социјален активизам како моќни алатки за општествена промена можат да одговорат на своите потреби во заедницата.
Сакаш да добиваш информации за најновите настани? Пријави се тука!